Слабите резултати на Алексис Санчез во дресот на Манчестер Јунајтед носи доста проблеми на Чилеанецот кој пред два дена призна дека очекувал посилен старт на кариерата на „Олд Трафорд“.
Критиките кон „седмиците“ беа очекувани, со оглед дека во јануари стана најплатениот играч во Премиер Лигата.
Сепак, придонесот на Алексис во тимот е незначителен до моментов, со само еден гол во десет натпревари за „црвените ѓаволи“.
Најголемите обвинувања за неговата презентација дојдоа одвнатре, објавија медиумите во средата. Според информациите, некои од играчите на Јунајтед го критикувале Чилеанецот на паузата од несреќниот натпревар со Севиља на „Олд Трафорд“.
Тој бил обвинет дека игра за себе, не се враќа кога тимот ја губи топката и не ги покрива своите соиграчи. На Санчез, исто така, му било кажано дека барањата во тимот како што е Манчестер Јунајтед се многу повисоки од оние на кои тој е навикнат на Арсенал.
Играчот кој во овој натпревар ја изгуби топката 42 пати, едноставно кревал рамена. По овој меч Санчез остана на клупата за Купот на Англија против Барнли.
Во моментов, Алексис е во Стокхолм, каде што утре Чиле ќе има контролна со Шведска. Синоќа, напаѓачот објави своја фотографија во Инстаграм, која беше проследена со интересен текст.
„Знам дека си уморен. Знам дека си ментално и емоционално исцрпен. Сепак треба да се смееш и да продолжиш понатаму“, напиша Санчез во социјалната мрежа.