Девојче му се „закани“ на гувернерот на Московска област (видео)

од desk2
88 прегледи
Девојче, облечено во розова јакна и со розова шапка, го привлече вниманието на руската јавност, откако упати заканувачки гестови кон гувернерот на Московската област, додека тој се обидуваше да ги смири граѓаните кои протестираа против депонија за токсичен отпад.

На видеото, кое стана хит на интернет, десетгодишната Тања Лозова прво покажува со прст кон гувернерот Андреј Воробјов, а потоа прави движење кое означува сечење на вратот. Таа неколку пати го повторува ова движење, додека гувернерот им ветува на гневните демонстранти дека брзо ќе биде надминат проблемот со депонијата, за која се смета дека е причина за заболувањата на десетици деца во градот Волоколамск, западно од Москва.

По овој настан во интервју за телевизијата „Дожд“ девојчето објасни дека гестовите не биле закана за гувернерот, туку означувале: „Вие нас не убивате!“. Таа додаде дека сака час поскоро депонијата да биде затворена и повторно да можат да дишат чист воздух.

https://www.youtube.com/watch?v=TUQ4y6tbA1g