Погледнете го драматичниот пад на авион на кој му откажале моторите

од desk2
122 прегледи

Пилотот Чад Бербер покажа колку пилотите се потпираат на искуството и решавање проблеми при опасни ситуации за време на лет.


Тој изведувал рутинска вежба над Флорида, кога моторот му откажал, пропелерот престанал да се врти, а леталото почнало да паѓа.

По првобитниот шок, 26-годишниот маж благодарение на својата присебност и вештини успеал да го врати авионот во хоризонтала и да „купи“ доволно време за повторно да проработи моторот.

Среќа што се наоѓал над поле, а не над населено место.