Се продава слика на Ван Гог за прв пат по 20 години

од desk2
113 прегледи

Сликата „Жени плетат мрежи на крајбрежјето“ на холандскиот сликар Винсент ван Гог ќе биде понудена на аукција во јуни годинава во Франција.

Се очекува сликата да достигне цена од околу 5 милиони евра.

Ова ќе биде прва слика на постимпресионистичкиот сликар понудена на аукција по 20 години.

Ван Гог ја насликал „Жени плетат мрежи на крајбрежјето“ во почетокот на неговата кариера, кога престојувал во Шевенинген, во близина на Хаг. Се очекува сликата да достигне цена од околу 5 милиони евра на аукцијата зажана на 4 јуни.

Со оглед на тоа дека пазарот на уметнички дела доживува нов бум и делата на уметници од калибарот на Ван Гог се многу барани, експертите велат дека е тешко да се предвиди каде ќе застане наддавањето.

Сликата датира од истиот период во 1882 година кога Ван Гог ја насликал познатата „Поглед на море во Шевенинген“ што беше украдена од Музејот на Ван Гог во Амстердам во 2002 година од италијанската мафија Камора и беше најдена во 2016 година во Италија.

Сликата масло на платно „Жени плетат мрежи на крајбрежјето“ е во сопственост на приватен колекционер од Европа, а досега била изложена во Музејот на Ван Гог и во Монтреал.

Светскиот рекорд за слика на Ван Гог изнесува 82,5 милиони долари, за сликата „Портрет на доктор Гаше“ во 1990 година.