Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 март.
Денеска е Св. Кирил Ерусалимски (Лазарова сабота).
Свети Кирил се роди во Ерусалим во времето на царувањето на Константин Велики. Во 350 година беше избран за Ерусалимски патријарх. Три пати беше прогонуван. Пострада од аријанците и од царот Јулијан Отстапникот. Се упокои во времето на царот Теодосиј Велики (втора половина на четвртиот век).
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Велика Сабота.
По ноќната света Миса, т.е. свечената литургијата по повод Велигден време е за радост која трае педесет денови т.е. до празникот Духови. Во библиските записи кои денеска ќе се читаат на свечената света Миса, верниците ќе се припомнат на сите Божји добродетелства низ човечката историја, како и на еден од најголемите Негови добродетелства, дека починал за нашите гревови и по три денови славно воскреснал.
###