Неодамна е откриено дека лутеинот може да го забави стареењето на мозокот, а со тоа и намалувањето на когнитивните способности.

Истражувањето вклучувало 60 возрасни лица од 25 до 45 години, чие ниво на лутеин било мерено во очите.
Утврдео е дека одговорот на нервните клетки на лица на средни години со повисоко ниво лутеин е еднаков на оној од младите испитаници. Со оглед на тоа дека во ова истражување се концентрирале на влијанието на лутеинот на вниманието, во иднина ќе се занимаваат со неговото влијание на учењето и на помнењето и ќе го откријат опсегот на делување на лутеинот.
Природни извори на лутеин се јајцата, кељ, спанаќ, прокељ, пченка, брокула, тиквички, грашак….