Риечанецот Саша Павлиќ, кој во знак на протест пропешачи речиси 200 километри со дрвен крст на грбот стигна во Загреб.

Тој од Риека тргна кон Загреб затоа што државата определи половина милијарда долари за купување половни борбени авиони, додека фондовите за ретки лекови и детски болести се речиси празни.
Како што најави, денеска ќе се појави на Марковиот плоштад каде се наоѓа Владата, за на политичарите и нa премиерот Андреј Пленковиќ и на политичарите да им ја пренесе својата порака.
„Го повикувам премиерот Андреј Пленковиќ, министерот за здравство Кујунџиќ и претставниците на здружението за заболени да го искористат денешниот момоет и да најдат решени за проблемот со несоодветен систем за лечење деца денес во Хрватска, а граѓаните со поддрѓка да ги чекаат надвор“, напиша тој на твитер.
Најавено е и дека ќе биде организиран протест на Марковиот плоштад, а граѓаните се повикуваа преку Фејсбук.

Лудо е што тешко болни деца со месеци не може да ги добијат потребните лекови, а во меѓувреме одлучени е три милијарки куни на народот да се потрошат на половни авиони, смета Павлиќ.
„Капката која ја прелеа чашата беше кога отворив еден дневен весник и видов дека на една страница пишува дека државата нема пари за лекови за децата и ги праќа на клинички испитувања, а некои нема да добијат ништо. На другата страница беше веста за три милијарди куни кои државата ќе ги даде за половни авиони. Мислам дека тоа треба да биде аларм за секого. Кај мене се запали алармот и решив да го направам ова“, пишува Индекс.