Хуана Муњоз (53) од шпанскиот град Кадиз посзледните 13 години живее во прилагоден стаклен кафез, а тоа е нејзиниот затвот, и тој што ја штити од сите надворешни работи кои би ја убиле.

Нејзиниот кошмар почнал пред 29 години кога сопругот засадил компири во дворот. Штом ги допрела и отекла устата и очите. Кога отишла на лекар и кажале дека пестицидите со кои се третирани компирите покренале алергиска реакција на хемикалии. Од тогаш ако дојде во контакт со хемикалии повраќа, уморна е, има иритација на кожата, губи воздух и други алергиски реакции.
Таа има четири животозагрозувачки состојби – повеќекратна хемиска осетливост (MCS), фибромијалгија, синдром на хроничен умор и електросензитивност – па направиле стаклен кафез од 25 метри квадратни каде таа живее, а излегува само два пати годишно, затоа што мора.

Сите што влегуваат кај неа и тоа ретко, мора да поминат туширање, да облечат облека од органзки памук.
Најтешко и паѓа што не може да ги допре своите најблиски.Таа има две деца на возраст од 26 и 29 години, кои можат да ја гушнат само два пати годишно, со неколкудневни подготовки.
Нејзиниот сопруг одгледува органски зеленчук, два пати Хуана јаде месо органско проверено, неколку пати риба, а носи облека од чист органски памук.Исто така, носи маска за воздух кога ќе осети дека снемува, специјално направена во Германија од керамика.
Поради болеста кафезот го напушта само еднаш до два пати годишно, затоа што и бил дијагностициран рак на дојка, па мора да оди на годишни прегледи.
https://www.facebook.com/juanmanuel.bermudez.96/posts/2117662661593468