Издадено итно предупредување за можен напад на Сирија

од desk2
107 прегледи

 

Паневропската агенција за контрола на воздушниот сообраќај Еуроконтрол ги повика авиокомпаниите да бидат внимателни во источното Средоземје.

Предупредувањето е издадено поради можни воздушни напади во Сирија во следните 72 часа, пренесе Ројтерс.

Според Агенцијата, во тој период можно е да се употребат ракети воздух-земја-воздух и или кртсосувачки ракети, и дека постои можност од повремени пречки во опремата за навигација, пренесе Ројтерс.

Во предупредувањето од Еуроконтрол не се прецизира потеклото на евентуалните ракетни закани.

„Треба внимателно да се планираат летовите во подрачјето на источното Средоземје и Никозиското подрачје’, наведува Агенцијата, додавајќи дека под никозиско подрачје се подразбира Кипар и околните води.

Еуроконтрол се повикува на документ од Европската агенција за безбедност во сообраќајот, кој не е достапен на јавноста, пренесе ABC.

Контролите на воздушниот сообраќај во Велика Британија, Франција, САД и германија порано издадоа предупредување да не се лета над воздушниот простор на Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп и западните сојузници разговараат за можна воена акција, за да се казни сирискиот претседател Башар ал Асад поради наводниот напад со хемиско оружје во саботата во Дума.

Трамп со вторник ја откажа посетата на Јужна Америка и се фокусираше на Сирија.

На внимателност за летовите во близина на Сирија предупреди и рускаѕа агенција за воздушен простор Росавијација, која им советуваше да бидат максимално внимателни ако планираат летови над Источното средоземје.