Седум американски воени авиони спроведоа разузнавачки мисии во Источниот Медитеран крај бреговите на Сирија, каде што се наоѓаат руската воздухопловна база Хмејмим, како и руската поморска база во Тартус . Ова го покажуваат податоците од мониторингот на летовите на воената авијација, кои се објавени во “Твитер” профил на Mil Radar .
Станува збор за шест разузнавачки авион P-8A Poseidon за борба со подморници на морнарицата на САД, кои се дигнале од воздухопловната база Сигонела на италијанскиот остров Сицилија, како и за авион за радиоелектронско разузнавање EP-3E Aries II, кој полетал од базата на грчкиот остров Крит .
Вчера американската телевизија CNBC, повикувајќи се на извор, запознаен со ситуацијата, изјави дека САД се насочени кон осум локации во Сирија, кои треба да бидат погодени . Во листата на целите влегувале два воени аеродроми, истражувачки центар и претпријатие за кое се претпоставува дека е поврзано со производството на хемиско оружје.
Од Белата куќа синоќа објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп не донел конечна одлука за удар против Сирија, но се разгледуваат различни варијанти како за начинот на одговорот, така и за времето кога ударите да бидат извршени. Самиот Трамп вчера соопшти дека не кажувал кога ќе биде нанесен удар врз Сирија: тоа може да стане “или сосема наскоро, или баш и не многу скоро”.