Хируршко лепило кое затвора рани за една минута

од desk2
149 прегледи

 

Американските биомедицински инженери и нивните колеги од Универзитетот во Сиднеј развија еластично хируршко лепило кое може да направи револуција во итните интервенции на санирање отворени рани.

Единствениот гел наречен метри, кој без копци или шиење затвора отворени рани, за основа има хибриден еластичен протеин.

Лепилото може да се нанесува од внатрешната или надворешната страна. кога е нанесено, се активира со помош на УВ ламба и во рок од 60 секунди ја затвора отворената рана или исекотина.

Научниците тврдат дека заради толку кусото време на делување, лепилото не го спречува природното ширење на органите или опуштање на кожата каде се применува.

Метро до сега успешно е тестиран на лабораториски животни, односно на артерии и бели дробови на глодари и на бели дробови на свињи.

https://www.facebook.com/InTheKnowInnovationAOL/videos/1851408131818508/

Тестовите врз луѓе се во тек, а досегашните резултати се ветувачки.

„Најголема предност на ова лепило е што, штом дојде во допир со површината на повреденото ткиво, почнува да се зацврстува“, вели член на научниот тим, Насим Анаби од универзитетот Нортистерн од Бостон.