Двојничка на Трамп стана интернет атракција

од desk2
97 прегледи

Една постара жена од шпанската покраина Галиција доживеа судбина на вистинска интернет ѕвезда, бидејќи нејзина фотографија стана многу популарна на социјалните мрежи.

Работејќи на текст за заштита на земјиштата од бури, една новинарка разговарала со една жена која работи во тој регион, а потоа ја фотографирала и оваа фотографија ја објавила на Instagram.

Фотографијата со рекордна брзина почна да се споделува на социјалните мрежи, поради неверојатната сличност на госпоѓата Долорес Леис Антело со американскиот претседател Доналд Трамп.

Долорес е родена во 1954 година и е десетина години помлада од американскиот претседател. За својата неочекувана слава дознала од својот внук, бидејќи таа не користи ниту компјутер, ниту мобилен телефон.

За разлика од американскиот претседател, кој постојано е активен на Twitter, Долорес не знае ништо за социјалните мрежи. Сепак, потполно е свесна за својата медиумска слава која сега ја доживеа.

„Се чини дека мојата фотографија успеала да стигне многу далеку. Мислам дека е целото тоа поради мојата коса“, изјавила таа за локалните медиуми во Галиција.

Реакциите на корисниците на социјалните мрежи за фотографијата, најмногу се шеги на сметка на Трамп, па така некои корисници пишуваа дека попрво би гласале за Долорес отколку за Трамп, или дека нејзината фризура е подобра и слични твитови на сметка на претседателот.