20 најлоши градови за живот во светот

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Компанијата Мерсер го објави својот годишен индекс поврзан за квалитетот на животот во светските градови.

Станува збор за едно од најголемите истражувања од овој тип, кое им помага на мултинационалните компании и другите видови на претприемачи праведно да ги исплатат своите работници, кога ќе им доделат да извршат некоја од меѓународните работи.

Истражувањето опфати 450 градови во светот, а проучувани се бројни фактори како социјално-политичко уредување, економско опкружување, социјално-културно опкружување, квалитетот на здравствена нега, образовен систем, јавни услуги и сообраќај, рекреација (ресторани, кино сали, театри, спорт), цена на недвижности, достапност на материјални средства и природно опкружување.

Градовите од западниот свет генерално котираат најдобро, со неколку исклучоци во Азија и Австралија.

Градовите со најлош квалитет на живот претежно се наоѓаат во Африка и на Блискиот исток, каде има повеќе војни, политичка нестабилност, болести, сиромаштија и лоша инфраструктура.

Во прилог, погледнете ја листата на Мерсер со 20 најлоши градови за живот во светот:

20. Лагос, Нигерија

19. Абуџа, Нигерија

18. Душанбе, Таџикистан

17. Уагадугу, Буркина Фасо

16. Дака, Бангладеш

15. Антананариво, Мадагаскар

14. Триполи, Либија

13. Ниамеј, Нигер

12. Бамако, Мали

11. Конакри, Гвинеја

10. Нуакшот, Мауританија

9. Киншаса, Демократска Република Конго

8. Бразавил, Конго

7. Дамаск, Сирија

6. Нджамена, Чад

5. Картум, Судан

4. Порт о Пренс, Хаити

3. Сана, Јемен

2. Банги, Централноафриканска Република

1.Багдад, Ирак