„Галичка свадба“ се најде во патувачката рубрика на „Њујорк тајмс“

од Vladimir Zorba
270 прегледи
Магазинот „Њујорк тајмс“ ја вброи Галичката свадба меѓу деветте  европски фестивали кои вредат да се посетат.

Во краткиот опис на фестивалите се опишуваат убавините на Галичник како и местоположбата. Мал дел се опишува и за традицијата и начинот на кој се избираат младоженци. На листата се наоѓаат фестивали кои ја негуваат традицијата и обичаите. Избрани се настани од Шведска, Шпанија, Германија, Шкотска, Чешка, Италија, Македонија и два фестивали во Франција.

Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност.

Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.

Годинава се очекува Галичката свадба да се одржи од 13 до 15 јули.