Планината виножито во Перу стана атракција за туристите, пренесува Индипендент.
Скриено на 5.000 метри надморска височина, во Андите, овој планински венец е покриен со тиркизна, златна и боја на лаванда.
Иако „Планината на виножитото“ е формирана пред милиони години со тоа што ситен песок во различни бои бил формиран во планина со кршењето на тектонските плочи, сепак таа неодамна стана туристичка атракција и место со кое локалците се гордеат. Скоро 1.000 посетители доаѓаат да ја видат планината секој ден.
Вакви планински масиви има и во Кина.
https://www.youtube.com/watch?v=Sij8Ak2exFg