Фото: Девојка легна на автопат да се сонча

од desk2
115 прегледи

 

На автопатот М62 недалеку од Манчестер, Велика Британија дојде до тешка несреќа поради што сообраќајот беше во прекин три часа. А бидејќи беше еден од ретките сончеви денови во Британија, некои одлучија да не чекаат.

Извесна Лили Вилетс излезе од својот автомобил, посла крпа и легна да се сонча.

https://twitter.com/leiawilkinsonx/status/992754803980808192

Дека Британците се желни за сонце сведочат и други постови на социјалните мрежи каде се гледа како лежат по крај автопатот. Кога веќе не мрднаа со часови извадија и пиво, пици и пуштија музика, ап си направија журка.

Инаку, во тешката несреќа експлодира цистерна со кислород и ги зазеде двете ленти на автопатот.

https://twitter.com/isabelrachel724/status/993578613474807809