Шокантен разговор на оператерка на Брза помош и девојка која умира

од desk2
88 прегледи

 

Француската јавност е шокирана откако еден локален портал објави снимка од разговор на работничка во Брзата помош и девојка која починала по неколку часа.

На снимката се слуша како Наоми Мусенга (22) преку телефон се обидува да објасни дека е во големи болки и дека може да умре, но од другата страна оператерката не ја сфаќа сериозно и ја исмева девојката во агонија.

„Страшно ме боли стомакот, ќе умрам“, вели Наоми, а од другата страна неочекуван одговор: „Ќе умреше еден ден како и сите останати“.

СЛучајот е од декември минатата година, но сега протече снимката од разговорот. по што реагираше министерката за здравство Агнес Бузин. Таа вети истрага.

На почетокот Наоми се обидува да објасни што и е, но бидејќи е во болки зборува полека и испрекинато, а жената од Брзата помош нема трпение за неа и ја препраќа да се јави во СОС Медецинс, од каде праќаат лекар на домашна адреса.

„Ќе ти ја спуштам слушалката, ако не ми кажеш што се случува. Не можам да ти помогнам, немам поим каков проблем имаш. Земи хартија и запиши го овој телефонски број“, велу оператерката.

Разговорот завршуба, но Наоми во агонија го повикува дадениот број, додека оператерката се забавува со своите колеги и ја измева девојката што јасно се слуша на снимката.

Лекарот од SOS Medecins, доаѓа по пет часа, а на Наоми и откажуваат органите поради хеморагичен шок. Таа умира во болница неколку часа подоцна.

Ден по објавата на овој транскрипт, оператерката е суспендирана, а обвинителството покрена истрага.