Туристи казнети во Италија оти краделе антички артефакти од Помпеја

од desk2
101 прегледи

Фрацуски турист е казнет со 200 евра откако полицијата го фатила со ранец полн артефакти како се обидува да ја напушти Попмпеја.

Пјер Лук Жиљо од Монпеље, франција, 52, бил сопрен од полицијата во петокот, во Помпеја, заедно со неговата придружничка, 50-годишна Французинка, затоа што бил сомнителен.

Во ранецот имал 13 фрагменти од теракота и парче мермер, најверојатно земено од Куќата на Лориус Тибуртанус.

Двојката пред полицијата рекла дека само сакале да имаат сувенир од посетата на местото.