Проекцијата на новиот филм на данскиот режисер Ларс вон Триер „Куќата што ја изгради Џек“ на овогодинешниот филмски фестивал во Кан ја одбележа излегувањето на 100 посетители од салата на сред филм.

Црнохумористичниот трилер со Мет Дејмон и Ума Турман следи убиствен поход на сериски убиец низ неколку децении.
Оние што го гледаа филмот велат дека е преполн со садистички сцени, насислтво и бруталност, а дирекоторт на фестивалот Тјери Фрему вели дека филмот „се занимава со толку контроверна тема“ што може да сe прикажува само надвор од натпреварувачкиот дел.
Шефот на њујоршката редакција на „Варајети“ Рамин Сатод на твитер напиша дека повеќе од 100 луѓе излегле од проекцијата на филмот во кој може да се види сакатење жени и деца.
„Ова е најлош филм што сум го гледал во кино. Полош и од „Сивиот зајак“, напиша и приложи фотографии како луѓето си заминуваат од киното.
This is how quickly the audience clearly out after Lars von Trier’s ‘The House That Jack Built.’ #Cannes2018 pic.twitter.com/yxZJJww71w
— Ramin Setoodeh (@RaminSetoodeh) May 14, 2018
Тјери смета дека до излегување на публиката довела сцената кога главниот лик пука во две деца со пушка и им ги разнесува главите. Покрај сцената на чедоморство и отсекување дојка, постои ис цена во која дете отсекува нога на пајче со ножици. Вон Триер поставил ис снимки од концентрациони логори.
Покрај тоа остатокот од публиката го поздрави со десетминутен аплауз по завршувањето на филмот.