Како Чернобил стана „рај на Земјата“?

од desk2
196 прегледи

Природата во околината на некогашната нуклеарна електрана во Чернобил неверојатно се разви низ овие три децении, што создаде еден вид „рај на Земјата“ – нема луѓе, шумите се преубави, а реките и езерата се чисти. Украинците и Русите донесоа најразлични животни таму што досега се имаат прилично раширено.

За целиот свет, Чернобил е „и од господ заборавена дупка“ каде некогаш имаше град од 14.000 жители што своевремено беше важно трговско и индустриско седиште на речниот пат меѓу Балтичкото и Црното Море.

Градот беше оддалечен само 15 километри од познатата нуклеарна електрана „Ленин“ каде во 1986 година се случи катастрофа на реакторот број 4. Меѓутоа, градот Припјат помина уште полошо – 50.000 жители од кои голем дел работеа во електраната беа принудени да ги напуштат своите домови засекогаш и никогаш не погледнаа назад.

Денес, тоа се напуштени градови. Станови, базени, болници и училишта зјаат празни и напуштени и пропаѓаат без човечки допир веќе три децении. Затоа природата си го прави своето – дрвја, грмушки, бршлени и друго зеленило го „окупира“ просторот, непречено ширејќи се наоколу. Животните сега царуваат со Чернобил и живеат како во рај, вели Михаил Балонов, научен соработник на Рускиот институт за радијација и хигиена.

„Поголема е веројатноста дека таму ќе ве изедат волци, отколку дека ќе се озрачите. Природата неверојатно се разви во овие предели. Таму е рај на земјата за природа – нема луѓе, шумите се преубави, а реките и езерата се чисти“, вели тој.

Тоа за „Спутник“ го потврдува и Владимир Губарев, еден од првите новинари кои го посетија Чернобил по катастрофата. Тој вели дека природата изгледа фантастично и дека има неверојатни примероци на флора и фауна, но честа е појавата на албинизам.

Сите оние приказни за двоглави кози и унакажани луѓе се чиста измислица, вели тој.

„Имаше многу неверојатно приказни на сметка на Чернобил, но научниците уште тогаш кажуваа дека најголем проблем всушност ќе бидат онколошките болести и тоа поради неадекватната заштита на луѓето кои живееја таму. Тоа и се случи и последиците се чувствуваат и денес“, вели тој.