Мигрант од Мали стана херојот на Париз откако се искачи по надворешната страна на зграда во Париз за а спаси дете што висеше од балконот на четвртиот кат.

Видеото од спектакуларното спасување стана вирално на социјалните мрежи.
За помалку од една минута Мамуду Гасама од Мали се искачи по оградите од балконите на зградата, го грабна детето за рака и го спаси додека соседите од балконот до него се обидуваа да му помогнат.
https://www.facebook.com/BiboLOfficiel/videos/vb.1601981283/10214337551744958/?type=2&video_source=user_video_tab
Претседателот на Франција Емануел Макрон го покани Гасама денеска во Елисејската палата за да му се заблагодари лично за херојскиот и пожртвуван подвиг.
Градоначалничката на Париз Ан Идалго го пофали херојското дело на 22-годишниот Гасама и му се јави за да му се заблагодари.
Таа го нарече „Спајдермен од 18-тиот арондисман“, делот од Париз каде се случи спасувањето.
„Честитки до Мамуду Гасама за неговиот храбар подвиг во кој спаси дете“, објави Идалго на Twitter.
„Тој ми објасни дека дошол о Мали пред неколку месеци со сон да изгради живот тука“, рече таа.
„Му одговорив дека неговиот херојски гест е пример за сите граѓани и дека градот Париз секако ќе го поддржи во неговите напори да се смести во Франција.“
Драмата се одвиваше завчеравечер во северниот дел на Париз.
„Го спасив бидејќи е дете. Се качував… фала му на бога што го спасив“, изјави Гасама за весникот „Le Parisien.
Париската противпожарна служба соопшти дека кога дошла екипата, детето веќе било спасено.
Локалните служби изјавија дека родителите на детето не биле дома кога се случил инцидентот.
Таткото е на распит во полиција под сомнение за оставање на малолетно дете без соодветен надзор и грижа, а мајката наводно не била во Париз кога се случил инцидентот.