Молња удира во Ајфеловата кула

од desk2
67 прегледи

 

Ајфеловата кула во Париз пред два дена била погодена од молња во невремето кое го зафати главниот град на Франција.

Камерата на париската метеоролошка служба го фати моментот кога громот ја погодил Ајфеловата кула, а на фотографијата се гледа како молњата го допира врвот на кулата.

Ударот го забележал и фотографот Бертранд Кулик, а фотографијата е бјавена на сајтот „Рамбл“.

„Беше електричен ден, времето беше апокалиптично. Бев во својот стан и прозорецот беше отворен. Кога почна бурата, го зграбив апаратот во надеж дека ќе фатам дел од молња.“, вели Кулик.

Додава дека ветрот и дождот биле толку силни што мислел дека се наоѓа во средиштетот на бурата.