Луѓето кои не се окружени со зеленило имаат 50 отсто поголеми шанси за шизофренија

од desk2
125 прегледи

 

Шизофренијата може да се спречи ако живеете во средина окружени со зеленило, потврдија дански научници..

Луѓето кои растат во средина без зелени површини имаат 50 отсто поголеми шанси да заболат од шизофренија споредени со оние кои се окружени со зеленило, покажа данска студија, која прва укажува на ваква корелација.

Иако 50 отсто е висок процент сепак треба да се запомни дека од учесниците во студијата помалку од еден процент заболеле од шизофренија, пишува ScienceNordic.

Под зелени поврѓини се подразбираат тревни ливади, шуми или дури и поле со пченка. Сите типови на вегетација/

„Се уште не ги разбираме сите причини што доведуваат до шизофренија, па навистина сме возбудени од овие резултати“, вели професор Мерете Нордентофт.

Имено, за изработка на студијата се користеле сателитски фотографии од зелени површини во Данска во периодот од 1985 до 2013 година. Потоа, тие биле споредени со Данскиот национален регистар на луѓе родени во периодот од 1985 до 2003 година кои биле дијагностицирани со шизофренија.

Опфатени се близу милион луѓе, а нешто повеќе од 7.500 биле дијагностицирани со шизофренија.

“Сега гледаме дека луѓето кои немаат пристап до зеленило од 210 метри квардатни, што е многу блиску, имаат поголеми шанси да развијат шизофренија“, вели примариум Кристине Енгеман.