Принајден 2.000 години стар скелет со рани како на Исус

од desk2
136 прегледи

Скелет од римското доба е само втор доказ за распнување. Единствен друг пример е шајка долга 19 см, пронајдена во тело на евреин во 1968 година во Ерусалим.

При сикопување горбница во северна Италија, пронајден е скелет стар 2.000 години со дупка во стапалото. Костурот од римското време претставува само втор доказ за користење на техниката на мачење на осуденикот на смрт со која е убиен и Исус Христос.

Трагите се најдени на десноата стапало, поради кои се претпостуваува дека човекот е распнат.

Иако римјаните пракрикувале распнување стотици години и така убиле десетици илјади луѓе, вклучително и Исус, до сега не се пронајдени многу физички докази за таквата техника на погубување, пришува Дејли Мејл.

Доказите за рспнување се ретки затоа што Римјаните користеле дрвеник крстови кои се распаѓале, а се верувало дека шајките имаат магична моќ па луѓето ги земале.

Освен тоа, поссмртните остатоци биле расфрални воѓубрето и главно биле храна на грабливците, па археолозите тешко ги најдувале.

Славниот римски говорник Цицерон говорел дека ваквото казнување не најсурово и најстражно од сите други казни.

Новооткриениот скелет е најден на 60 тина километри од Венеција во долината на реката По. Погребан е сам, без имот, а според научниците, мажот во моментот имал 30 до 34 години.

Тродимензионалниот приказ на дупката низ коските на стапалото направен е со помош на дигитален микроскоп, пишува Тајмс оф Израел. Откриено е дека лезијата минува низ целата ширина на коската.

Авторите велат дека тоа е доказ дека стапалото било заковано за тврда површина пред човекот да умре.

Се претпоставува дека горните екстремитети биле прицврстени на крст со шајки во зглобовите, како во историските записи, пренесе 24 Часа.

Начинот на кој човекот е погребан укажува на тоа дека припаѓал на маргинализирана општествена група, или дека бил во заробеништво.