Тинејџер ја украл картичката од татко му и прокоцкал астрономска сума

од desk2
167 прегледи

 

Едно 13-годишно момче од Велика Британија за една година потрошило неверојатни 80.000 фунти или околу 91.500 евра од парите на татко му.

Тој ја фотографирал картичката и потоа ги користел неговите податоци за отворање налог за обложување на интернет.

На таа идеја дошол ког заедно со татко м, кој е директор на компанија, бил на наптревар и таму видел реклами за онлајн обложување.

За една недела на облози потрожил 60.000 фунти, а за некои влогови уплатувал и до 3.000 фунти.

„Немав поим дека тоа може да предизвика заевисност. Му беше забавно а мислев и дека нешто можам да заработам. Беше толку едноставно да се отвори налог за обложување на интенет“, вели момчето кое откако го откриле признало се.

Момечто е откриено кога банката го контактирала татко му за високи влогови кои надминувале 20.000 фунти.

Шокрани родителите го испратиле момчето на одвикнување и психотерапнија, но откако завршил, за две недели потрпшил уште 60.000 фунти.

Родителите велат дека повеќе не моажт да му веруваа, и дека се уште ги отплаќаат долговите за кредитите подигнати да се врати потрошеното. Таткото не забележал дека толкава сума му ја снемува на картичката затоа што е директор и во тој период склопил десетина важни договори за фирмата.