Крокодил нападна и усмрти протестантски свештеник додека крштевал околу 80 луѓе бо близина на езеро на југот на Етиопија, јавија светските медиуми.

Нападот се случил во неделата наутро, додека свештеникот Дошо Ешет изведувал церемонија на крштевање на околу 8- луше во градот Арба Минч, пренесе BBC.
Жителите и полицијата рекле дека крокодилот скокнал од водата за време на церемонијата и го нападнал свештеникот. Тој умрел од здобиените повреди на грбот, рацете и нозете.
„Го крсти провиот човек и се подготвуваше за вториот. Одненадеж, крокодил скокна од езерото и го зграби свештеникот“, вели за BBC очевидецот Кетема Каиро.
Мештаните со рибарски мрежи го спречиле крокодилот да го однесе телото на свештеникот. Полицијата соопшти дека крокодилот побегнал.