Навиката нè убива

од desk2
135 прегледи

 

Изгледа дека само 1 од 100 пациенти по мозочен удар ги усвојува седумте здрави навики укажува нова студија, кои можат да му помогнат понатаму поздраво и подолго да живее.

Тие навики вклучуваат непушење, здрава прехрана, редовна телесна активност, постигнување здрава телесна тежина, контрола на крвниот притисок, холестерол и шеќер во крвта.

Се покажало дека секој петти пациент усвојува само четири од спомнатите седум здрави животни навики.

Според стручњаците, усвојувањето на овие навики е клучно за спречување нов мозочен удар, и да се подобри исходот на лечењето по мозочниот удар.

Но, се нае дека промената на однесувањето е многу тешка, особено кога некој има дополнителни последици од мозочен удар како што се индивидуалноста и недостаок на независност.