По тврдењата дека премиеорт Зоран Заев и неговиот министер Никола Димитров се скарале и дека се на различни позиции за името, и дека Димитров игра некои свои игри зад грбот на Заев, попладнево објавеното на фејсбук профилите на двајцата ги демантираше сите пишувања на шпекулантите од домашната и грчката јавност.

Димитров напиша „Семејна неделна дружба во Струмица со Зорица и со Зоран Заеви. Го бараме патот, заедно“!
Заев напишна само „На иста линија“ и ги закачи фотките од заедничкото попладне на премиеорот и министерот.
Погледнете и заклучете:

Во јавноста се шпекулираше дека Никола Димитров изразил несогласувања со решенијата, и дека сакал да се повлече и дека не комуницарил повеќе со премирот Заев, а некоки тврдења одеа дотаму дека „игранките на Никола Димитров воделе и до јуришниците и фракционери на ВМРО ДПМНЕ и претседателот Иванов. Сепак денешната како што напиша Димитров семејна дружба ,треба да ги демантира шпекулациите.

Претходно и официјално портпаролот на македонската влада Миле Бошњаковски ги демантораше шпекулациите за разединетост во преговарачкиот тим и Владата на Заев.
Не постојат никакви поделби и разногласија во Владата на Заев