СП 2018: Над 1 милион гледачи го гледале во живо Мундијалот во Русија

од Vladimir Zorba
141 прегледи

   Вкупниот број на гледачи кои досега ги следеле фудбалските натпревари во живо во Русија помина еден милион, соопштија од ФИФА.

Седумцифрениот број фанови на стадионите беше постигнат за време на средбата меѓу Данска и Австралија, која заврши на 1:1 на стадионот во Самара.

ФИФА, исто така, објави дека до овој момент, просечната посетеност на натпреварите е 97 отсто.