Повеќе од 5.000 луѓе минатата ноќ демонстрираа против договорот со МАкедонија во вториот по големина грчки град Солун. Договорот Заев-Ципрас се обидува да стави крај на речиси 27-годишниот спор меѓу двете земји за името на поранешната југословенска република.
Демонстрантите се упатиле кон македонското конзулат во Солун , а потоа кон канцелариите на двете партии во владејачката коалиција во Грција – “Сириза” и “Независни Грци”, соопштува “Асошиетед прес”.
Пред партиските канцеларии, демонстрантите фрлале шишиња и столици . Полицијата одговори со солзавец и шок бомби за да ја разбие толпата. Нема извештаи за повредени, а полицијата соопшти дека нема уапсени.
Националистите во двете земји се противат на договорот , според кој Македонија ќе биде преименувана во Северна Македонија и ќе им овозможи и на грчката провинција Македонија да го користи ова име.
За возврат, Грција ќе ги повлече своите блокади и приговори за пристапот на Скопје во НАТО и во Европската унија.