САД: ја зголемуваме посветеноста на Балканот, за да ги истиснат Русија и Кина

од desk4
84 прегледи

Јас сум загрижен за протестите во Македонија и Грција и потенцијалното мешање на Русија “, рече Мичел.

 

САД ќе ја зголемат својата посветеност кон Западен Балкан., истакна мериканскиот помошник државен секретар Вес Мичел во Сенатот.

Поддружавме лидери какви што се  се визионерите – Зоран Заев во Македонија и Алексис Ципрас во Грција кои го постигнуваа   историскиот Договор за решавање на спорот за името, изјави Мичел и изрази загриженост од протестите во Македонија и Грција.

“Загрижен сум од протестите и потенцијалната руска интервенција. Слично нешто видовме во Црна Гора. Руските претставници упатуваа закани и според мене има веројатност Русите да интервенираат. Работиме за зајакнување на македонските институции. Имаме силна соработка во безбедносниот сектор. Руските методи   ни  се познати. Очекуваме формалните процедури за договорот да завршат и во Грција и во Македонија. потоа НАТО ќе поканиме  Република Северна Македонија за време на самитот во месец јули, истакна Мичел.

Американскиот дипломат рече дека САД работат на претворање на Грција во “столб на стабилност во Медитеранот и во Западен Балкан”. “Европа повторно е арена на сериозни стратешки трки и е изложена на притисок од различни страни. И Русија и Кина сакаат   рефракција  на Западот. Русија сака да ги раздвои, а Кина да го истиска. Тие се особено агресивни во Централна и Источна Европа. Наш главен приоритет е да ја одвратиме руската агресија. Во последните години реваншисткичкиот  Кремљ се обиде да го промени границите, преку закани и напади над соседите, започна дезинформациона и сајбер кампања против Западот, вклучувајќи и распоредување на воени сили на западните граници “, истакна Мичел

САД сакаат добри односи со Русија, но тоа ќе се случи само кога Москва ќе го промени своето агресивно однесување, порача Вес .