Дали „Симпсонови“ ги предвидоа финалистите на СП 2018?

од desk2
113 прегледи

Фановите на „The Simpsons“ се убедени дека култната серија го има предвидено финалето на Светското првенство во Русија. Деновиве низ интернетот кружи краток исечок од една епизода на „The Simpsons“ во која познатото семејство ја гледа најавата за финалето на некое спортско натпреварување.

Бидејќи во последните неколку години видовме многу работи кои „The Simpsons“ ги „предвидоа“, фановите на оваа серија се скоро сигурни дека истото ќе се случи и со крајот на ова фудбалско првенство.

Во епизодата, Барт е лут на Хомер бидејќи тој никогаш го нема однесено семејството на фудбалско натпреварување, додека на телевизорот го најавуваат големото финале во кое ќе учествуваат тимовите на Португалија и Мексико.

Откако ова видео стана вирално, Twitter и Facebook беа преплавени со објави кои велат дека ќе се оствари предвидувањето на серијата, како што претходно беше случај со настапот на Лејди Гага на Супербоул или изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Оние пак кои не се фанови на „предвидувањата“ на култната анимирана серија велат дека не може секоја глупост од серијата да се смета за вистинита. Но, како и да е, репрезентациите на Португалија и Мексико ја поминаа групната фаза на СП во Русија, така што оваа теорија и понатаму останува во игра.