Клаудија Нојман од јавниот радиодифузен сервис ЗДФ е првата коментаторка за германските мажи од натпреварите од Светско првенство во фудбал – и нејзиниот пол ја направи мета на голема злоупотреба на социјалните мрежи во спортот што се уште се смета за машки.
Вики Спаркс од Би-Би-Си, исто така, мораше да се справи со онлајн погрдни зборови по нејзиното телевизиско деби за СП во Русија.
Сексизмот, исто така, се покажа рано кога руски навивач бакна жена новинар на Дојче веле за време на емитувањето во живо на отворањето на турнирот на 14 јуни. Видеото стана вирално, а човекот на крајот објави јавно извинување.
Други новинарки, меѓу кои и жена од Бразил, имале слични искуства – и активистите за правата на жените, исто така, се жалат дека официјалната телевија брка жени од натпреварите само поради тоа што се жени.
Но, на овој турнир има поголем број женски коментатори и новинари.
Али Вагнер од „Фокс спортс” освојувач на два олимписки златни медала е првата американска жена која известува од натпреварите на машкото Светско првенство.
Поранешниот играч на Норвешка Лисе Клавинес, исто така, се сврте кон новинарство, додека австралиската презентерка Луси Зелиќ е сестра на поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Нед Зелиќ.
Жените работеа како радио и теренски спортски новинари од пред многу години во германскиот фудбал, но Нојман е првата коментаторка за телевизија. Нејзиното деби беше на Еуро 2016 година.
Во Русија, таа беше телевизиски глас за четири натпревари досега, вклучувајќи ги Аргентина против Исланд и Португалија против Иран.
Зе-Де-Еф избриша разни коментари на омраза од Фејсбук и Твитер, а нејзиниот шеф за спорт Томас Фурман брзо застана во нејзина одбрана.
– Се чини дека е нешто фундаментално: Жени коментираат натпревар од Светското првенство за мажи. Некои сосема полудеа на интернет, и тоа е далеку под појасот, рече тој.
-Ние не прифаќаме омраза, злоба и навреди. Колешката има одлично познавање и одлично известува од Светското првенство.
Нојман одби да коментира, но се вклучи и Германската конфедерација за олимписки спортови, повикувајќи на „црвена картон за непријателствата” и за повеќе жени новинари.
Другиот јавен радиодифузер во Германија, А-Ер-Де, исто така, бара жена новинар за коментирање, но спортскиот координатор Аксел Балкаски признава дека „жената како коментатор мора да биде многу самоуверена да се справи со таква ситуација”.
Балкаски исто така вели дека не се пријавуваат многу жени и дека интернет-тролањето и злоупотребата на Нојман и на жените во другите земји би можеле да дејствуваат како пречка.
Спаркс, долгогодишен новинар на Би-Би-Си, имаше минатата недела го свое телевизиско деби со коментираање на натпреварот Португалија против Мароко во Москва.
„Историска работа”, објавија на Твитер „Жени во фудбалот”, организација што промовира женска застапеност во спортот.
Или, како што репортерот на Би-Би-Си, Ден Вокер, напиша на Твитер во насока кон оние кои „тролаат“:
Жените сакаат фудбал. Жените можат да го анализираат фудбалот. Се уште можете да го сакате, да играте и да го анализирате фудбалот, но тоа не значи дека треба да бидете загрозени од нивното знаење, присуство или експертиза. Сите ние можеме да уживаме во Светското првенство“.