Медицинска сестра убила 20 пациенти, а причината е морничава

од desk2
124 прегледи

Медицинска сестра во Јапонија е обвинета за убиство на најмалку 20 пациенти, што ги усмртила со сретство за дезинфекција, што го внесувала во телото на луѓето со помош на интровенска терапија.

30-годишната Јапонка Ајуми Кубоки, што работела во болницата Огучи, во Јокахома, приведена е бидејќи се сомневаат дека го убила 88-годишниот Соза Нишикава, во септември, 2016-та година. Исто така се доведува во прашање и Нобуа Јамакиј, кој што починал два дена подоцна. Соза и Нобуа ја делеле собата на четвртиот спрат во болницата.

Откако ја привела полицијата, Кубоки признала дека ги убила двајцата мажи и околу 20 други пациенти, на одделението за интензивна нега. Тоа го правела за време на дежурствата, во доцните ноќни часови, кога никој не можел да примети.

Полицијата верува дека таа го ставила средството за чистење, кое што содржи безалкохолен хлорид, во вените на пациентите, по што двајцата стари мажи, Јамакиј и Нишикава, умреле по неколку часа. По обдукцијата, ова хемиско соединение е пронајдено во телото на Јамакиј.

Причината зошто извршила толку многу убиства, шокираше многумина.

Имено, Јапонката тоа го направила за да не мора да им ја објаснува смртта на нивните семејства, односно избегнала непријатност.

Кубоки тврди дека бирала исклучително тешко болни пациенти, за кои била сигурна дека ќе умрат, но изворите тврдат дека некои жртви немале нарушено здравје.

Помеѓу април и август, 2016-та година, на четвртиот спрат на кој се наоѓа интензивното одделение, се појавила серија од необични проблеми – вклучувајќи искината униформа и присилно отворени пакети со инфузии.

https://www.youtube.com/watch?v=SeFWtIUIVpU

Полицијата почнала да ја истражува смртта на Нишикава и Јамакиј, кога пронашла хемиско соединение на нејзината униформа. Ајкуми потоа морала да даде изјава во полиција, а следниот ден признала за серијата со убиства.

Инаку, Кубоки како медицинска сестра се вработила во 2015-та година, во болницата Огучи. Директорот на болницата, за локалните медиуми изјавил дека таа треба да се чувствува одговорна, иако е тешко да се сфати за што точно размислувала.