Хрватите славеа цела ноќ

од desk4
144 прегледи

“Ние ја згазивме  Англија”, “Ние сме шампиони  “, “Ние сме во пламен, но ние не сме изгорени”. Ова се само дел од  насловите во денешната печат во Загреб по повод рангирање на Хрватска за финалето на Светското првенство во фудбал во Русија.

Пред речиси 78 000 гледачи на стадионот “Лужники” во Москва, “шаховњачата ” победи  со 2: 1 по продолженија го елимира  составот на Англија и на тој начин  го запишаа најголемиот фудбалски успех во целата историја на земјата.

Пред овој натпревар најдобро достигнување на Хрватите на светски првенства беше третото место на Мундијалот во Франција во 1998 година.

Колинда и во Брисел навиваше и славеше за Хрватска

Во хотелот на фудбалерите пристигна омилениот  им хрватски пеач Младен Грдович кој се качи на масата и пееше заедно со фудбалерите.

Десетици илјади Хрвати ноќеска  ги преполнија  плоштадите и улиците на земјата. “Хрватска”, “мајстори”, “јунаци”, беа најчестите скандирања, заедно со имињата на фудбалерите и тренерот Златко Далиќ.

“Ги поздравувам момчињата. Тие не се нормални! Јас ништо не направив. Тие направија сè! Тоа што го направија е вистинска фантазија”, рече Далиќ минути откако Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство. Во спорот за титулата во недела, повторно во Лужники, тимот на Златко Далиќ ќе се соочи со Франција.