Вознемирувачко видео: Пред да биде убиен ѝ го предаде детето на сопругата

од desk2
131 прегледи

 

Надзорните камери во државата Пернамбуко во Бразил снимија застрашувачки момент кога таткото го предава детето на својата сопруга, бидејќи сфатил дека ќе биде убиен.

Тој прибрано се врти кон сопругата за да и ги шепне последните зборови пред да и го предаде девојчето и да клекне на земја.

https://www.youtube.com/watch?v=1PFmG4DakCg

46-годишниот адвокат Андре Рибеиро, се паркира со автомобилот пред една куќа, го заобиколи, ја отвори вратата и го извади детето од возилото, додека напаѓачот се прикрадувал во близина.

Неколку моменти подоцна, маж во бела маица со качкет на глава се појавува во кадарот и го насочува оружјето кон него.

Таткото го видел и брзо и го предаде детето на сопругата, без да покаже страв. Потоа клекнува покрај автомобилот, а напаѓачот од непосредна близина испука пет куршуми во него.

Рибеиро починал во истиот момент, а неговата сопруга и ќерка не се повредени. Убиецот побегна од самото место.