Дебелите гости на Санторини ги осакатуваат туристичките магариња

од desk2
181 прегледи

Магарињата на живописниот грчки остров Санторини речиси умираат носејќи дебели туристи на тури за разгледување и локалните агенции за изнајмување на овие животни почнаа да ги вкрстуваат со мулиња за да добијат поиздржлива врста што ќе може да го издржи товарот.

Во екот на сезоната од мај до октомври, околу пет бродови за крстарење дневно носат бран од 1.200 туристи во посета на островчето, кои се восхитуваат на идиличните бели куќи и прекрасниот поглед на морето.

Санторини е познат по ридестиот терен и традиционално магарињата се користеле за транспорт на луѓе и стоки по нагорниците каде не може да се пристапи со возило.

Меѓутоа, активистите за човекови права предупредуваат дека со растот на степенот на прекумерна дебелина, животните се присилени да носат сѐ потешки туристи и веќе се експлоатираат со прекумерни работни часови, седум дена во неделата, по ужасни горештини, без одмор и вода, а резултатите се рани на грбот од седлата и премореност до степен на неспособност.

Локалните агенции кои изнајмуваат магариња за туристички тури најдоа решение во вкрстување на магарињата со мулиња за да добијат посилни и поиздржливи животни, но активистите велат дека тоа е далеку од решение.

„Животните не смеат да носат товар што е повеќе од 20% потежок од нивната тежина“, вели портпаролот на Добротворната организација за заштита на магарињата на Санторини.

„Дебелите туристи, во комбинација со недоволниот одмор и вода, како и неподносливата горештина се причина за проблемот. Мора да има ограничување на тежината“, вели тој.

Во 2008 година властите на островот го потпишаа интернационалниот кодекс за ангажирање на животни во туристички цели, но со оглед на тоа дека нема служба што го регулира спроведувањето на овој кодекс, сопствениците на магариња едноставно ги преработуваат животните до осакатување и премаленост и потоа се ослободуваат од нив.