Почитуван Венко Андоновски,
Внимателно ја прочитав твојата последна колумна за ,,поклонувањето на нашите граѓани пред телето,, Во неа, искрено, не видов ништо историско ко што некој напишал. туку се соочив со една ретроградна, старомодна мисла искажана од припадник на таа наша самонаречена, интелектуална елита
1. На почетокот велиш дека не би сакал да бидеш трубач на политички идеи иако низ оние 11 проклети вмровски години, наводно не молчеше како што некои молчеа ами остави трага. Остави, ама каква трага ? Се согласувам, во одредени моменти не беше трубач ами беше цел воен вмровски оркестар за погреби и свадби. Твојава последна колумна звучи ко реквием, напишан токму за тој оркестар.
2. Секоја драма има свој заплет и расплет. та одтаму се прашувам, како е можно кога раскажуваш бајки да скокнеш период од 11 години владеење на злосторничкото здружение ? Волкот ја лапна Црвенкапа, ама ти не виде и веднаш се префрлаш кај ловецот и шапката со перце. Ладнокрвно преоѓаш преку времето кога тепачи ми доаѓаа на врата, меѓутоа ТИ и мнозина други не застанавте зад мене, освен Унковски, Бени Шакири, Синоличка Трпкова и три четворица непознати албански граѓани кои ми даваа клучеви од нивни станови. Каде живееше тогаш, зарем не помисли на мојте деца? Зошто тогаш ништо не пишуваше на оваа конкретна тема? Ова не е политичка дилема, ова е човечко па дури и уметничко прашање.
3. Цели триесет години секоја македонска влада преговараше со Грција за спорот околу името и паралелно очајнички се обидуваше да влезе во Нато и Еу, арно ама, ти велиш дека последнава влада само со таа работа се занимаваше. Демек, можеше и со други работи. Да, можеше ама ако не преземеше уништена земја, насила сменет идентитет, огромни задолжувања, прав и пепел насекаде, безвластие, упропастени институции, убиен дух, образование и култура, последици од вмровското дивеење. Новата влада е осум месеци власт. Прашањата за името и преговорите, лебот и мотиките, требаше да ги поставиш пред пет, седум, десет години кога беше онаа другата славна вмровска, фашизоидна власт монструм која ме следеше и прислушкуваше,
4. Филозофијата за мотиката, некако ми зазвуче српско паланечки, така одредени луѓе во Србија под Милошевиќ, тврдеа дека Шумадија има месо и хлеба и сите ке ги победи, во меѓувреме загуби пола територија и испрати во смрт преку војни, јад и очај, една прекрасна нејзина интелектуално уметничка генерација од Екв па натаму. Последиците од таквата памет и денес после долги години не се излечени. Нам не ни треба Нато да ни каже како се прави леб, туку ни треба за да бидеме безбедна земја. Еу е потребно за други работи, ама ајде да не ја должам. Држава најпрво треба да има институции. Дал се имаш прашано, зошто и како Македонија ги загуби и потроши својте државни институции изминативе 11 години ?
Од се што прочитав во твојта колумна, имам впечаток дека ти зборуваш за Југославија, иако веке триесет години Македонија е самостојна земја која денес е уништена до темел од вмровските злосторници и нивните слуги. Повторувам, нивните слуги.
Златко Ориѓански – Фејсбук статус
