Десетгодишно момче го урна 23 години стариот рекорд на Мајкл Фелпс

од desk2
91 прегледи

Десетгодишниот Кларк Кент Апуада успеа да го урне 23 години стариот рекордот на Мајкл Фелпс на Меѓународниот пливачки шампионат во Калифорнија.


Тој на трката на 100 метри пеперутка исплива со време од 1:09.38 минути, односно за повеќе од секунда побрзо од рекордот што на таа возраст го постави Мајкл Фелпс во 1995 година.

Младиот пливач освен со постигнувањата го привлече вниманието на јавноста и со своето име Кларк Кент, а очекувано прекарот му е „Супермен“.

Успехот на Кларк му го честиташе и Мајкл Фелпс преку Твитер.