Скандал на аеродромот во Чикаго: Патниците преспале по ходници

од desk2
93 прегледи

Сликата од патници кои кампуваат на аеродромот во Чикаго, го шокира светот.

Недолго по полноќ на аеродромот требало да полетаат два авиони на компанијата United Airlines, на патиниците им е речено дека нивните летови се одложени поради низа инциденти од техничка природа.

Покрај одлагањето на летовите од 12 часа, авио-компанијата одбила патниците да ги смести во хостели, затоа што според нив, се било затворено во тоа време.

Место тоа, им понудиле на патниците, вклучително постари лица и деца ќебиња и перници и спиење по ходниците на аеродромот.

Добиле и ваучери од 10 долари, кои не можеле да ги искористат, затоа што ни една продавница на аеродромот не работела.

Сите кои ја видоа сликата по социјалните мрежи го осудија потегот.

https://twitter.com/lizsmithmfa/status/1021653449992298496