Најнов тренд – миење на косата со шампањско

од desk2
330 прегледи

“Алкохолот не е ли за пиење? Тогаш зошто мојата сопруга го користи за капење? ” Напишал еден Американец на својот Фејсбук профил, објавувајќи и фотографија од неговата партнерка која ја мие косата со шампањ. Под сликата се наоѓаат стотици шеговити коментари дека наскоро тој ќе биде уништен, доколку таа не го употреби пијалакот за вистинската намена. 

Можеби звучи чудно, но капењето со шампањ или друг алкохол е нов тренд во домашната нега на коса. Тоа е тајната на Кетрин Зета-Џонс. Неодамна, актерката призна дека сјајот на нејзината коса се должи на хранењето со шампањ, пиво и вотка.

Мешањето на еднакви количини на џин и вотка ја прави косаѕа свиленкаста, мазна и лесна за чешлање. Состојките кои ги содржи пивото и шампањот ја лекуваат и и даваат неодолив сјај.

Докажано е дека миењето или маските  со алкохол го подобруваат растот на косата. Пред неколку години, кога немаше многу козметика, многу жени ја миеле косата со пиво.