Кремите за сонце штитат само два часа

од desk2
99 прегледи

Кремите за заштита од сонце делуваат најмногу два часа по нанесувањето, а потоа треба повторно да се намачкате. Меѓутоа, ако влезете во море, времетраењето на таквите креми е уште пократко – само 20 минути и потоа не сте заштитени, тврдат дерматолозите, додавајќи дека пред да се купи заштитен крем од сонце, прво треба да се побара лекарска препорака. 

Дерматолозите тврдат дека постојат шест типови на луѓе според пигментацијата на кожата

– Најпопуларните фактори за сонце се 30 и 50, има и повисоки, но тие се за специјални случаи. Она што треба да се знае е дека заштитата од сонце трае 2 часа и потоа треба повторно да се нанесува крема. Обично се случуваат грешки, а тоа е кога луѓето се сместени подалеку од брегот на морето, и оттаму патуваат 15-20 минути до плажа, потоа седнуваат да пијат кафе и така поминува еден час. Тие всушност се намачкале наутро, и се вратиле назад без да се намачкаат повторно “, објаснуваат експертите. 

Тие напоменуваат дека особено внимание треба да се посвети на малите деца, особено на бебињата, кои треба да се мачкаат со фотозащитни креми кои имаат минерални состојки. Обично во тие креми има цинкови соли, пудра – и тие му даваат една бела боја на кремот, која мајките не ја сакаат, бидејќи нивните деца изгледаат малку неуредни. Всушност таа бела боја исчезнува за 20-30 минути.