Финалето на Европското првенство во атлетика на 5.000 метри ќе се памети долго време. Заслужна за тоа е атлетичарката Лона Салпетер од Израел која предвреме го прослави второто место, додека трката сè уште траеше.

Оваа атлетичарка некогаш се натпреваруваше за Кенија, но одлучи да земе израелски пасош и да ги брани боите на оваа земја на натпреварите во атлетика. По увидената грешка на трката Салпетер не можеше да ги сокрие солзите. Таа беше на самиот врв на трката, а пред да заврши кругот беше убедена дека е готово кревајќи ги рацете во воздух и славејќи го предвреме сребрениот медал, без да сфати дека има уште еден круг за трчање.

Откако многумина ѝ кажаа да продолжи да трча таа ја продолжи трката, но набргу се откажа и почна да плаче.
Златото и припадна на Сифан Хасан од Холандија, среброто на Елиш МекКолган од Велика Британија, додена бронзата ја освои турската атлетичарка Јасемин Кан.
5000M runner Lonah Chemtai Salpeter celebrates what she thinks is a silver medal a lap early. She ended up finishing in 4th pic.twitter.com/4YXJElmMk6
— Source for Funny (@SourceforFunny) August 13, 2018