Поради бурмата не можеше да игра меч

од desk2
78 прегледи

Мечот меѓу унгарски Дебрецин и МТК доцнеше седум минути затоа што играчот на Дебрецин Ерик Чикош не можеше да го извади прстенот од прстот.

 

Словачкиот десен бек мораше да ја извади бурмата затоа што според правилата на ФИФА никаков накит не е дозволен на натпреварите.

По седум минути неуспешни обиди судијата рече Чикош да биде сменет.

Заигра Емир Кусњир, а мечот заврши 3:3.