Како започнала традицијата за палење огномет?

од desk2
1,7K прегледи

Најраната употреба на огнометот е забележана во 12. век во древна Кина, додека во Европа и Америка, огнометот почнал да се користи дури во 18 век.

Во Кина огнометот бил дел од церемониите на фестивалите, со цел да се растераат лошите сили, а го измислила династијата Танг. Оттогаш до денес, во различни земји во светот, во пресрет на одреден празник, се палат огномети. 

Во англиската традиција постои назив Ноќ на огнометот (Bonfire Night), која е создадена на многу интересен начин. Имено, во 1605 година Гај Гидо Фокс учествувал во т.н. Барутен заговор во обид да го убие кралот Џејмс Први од Англија. Меѓутоа, планот пропаднал, па наместо да го нападне со барут, настанот останал запаметен како прекрасена огномет, кој случајно бил предизвикан во таа несреќа.

Интересни факти за огнометот:

1. За време на Првата и Втората светска војна, огномет и свеќи биле забранети со Законот од 1914 година, наречен Акт за заштита на Кралството. Причината била едноставна – со палење огномет непријателите можеле да ја откријат локацијата на спротивставената страна. Во Обединетото Кралство, огнометот бил нелегален до 1959 година.

2. Искрите за време на огнометот достигнуваат температура од 1.000 до 1.600 степени Целзиусови. Тие се 15 пати потопли од зовриена вода!

3. Ракетите за огномет можат да достигнат брзина од 150 метри на час.

4. Прво гледаме дека огнометот експлодира, а потоа го слушаме распрснувањето, причината е едноставна – светлината патува побрзо од звукот.

5. Иако огнометот потекнува од Кина (каде што бамбусовото дрво било полнето и фрлено во оган), всушност Италијанците околу 1830-те години го извршиле фрлањето огномет и метален барут во различни бои. 

6. Првиот огномет во англиската историја е пуштен за време на венчавката на Хенри VII и Елизабет во 1486 година. Огнометот, исто така, го сакала и кралицата Елизабета I, која ја добила титулата Мастер за огномет на Англија, бидејќи во тоа време го создала најдобриот огномет.

7. Најголемата експлозија од огномет се случила во Јапонија во 2014 година, кога бил соборен рекордот. Имено, овој огномет бил тежок 450 килограми и можел да се види на растојание од 800 метри.

8. Норвежаните го држат рекордот во најмногу исфрлени огномети одеднаш – 540.382 светлечки распрснувања! Овој настан траел еден час и половина.