Недопрена гробница од периодот на минојската цивилизација, стара 3.500 години, окружена со предмети наменети за употреба во задгробниот живот, пронајдена е на Крит.

Доцнаминојскиот горб, што случајно го открил еден жител на Крит, се наоѓа во подземна шуплина која била запечатена со глина. Во него се наоѓа добро сочуван костур на возрасен човек.
Гробот е на 2,5 метри под земја, а во него освен скелетот пронајдени се и предмети наменети за задгробниот живот, лажици, садови за мешање вино, како и 15 амфори. Се смета дека гробницата потекнува од бронзената ера, односно од периодот меѓу 1.400 и 1.200 година п.н.е.
Гробницата е откриена во маслиник во близина на градот Ерапетра. Во неа се влегува низ стрмен канал, а поделена е на три комори, наведуваат од грчккото министерство за култура.

минојската култура настанала на средоземниот остров Крит околу 2.600 години пред Исус Христос и треаела полни 12 векови. Ја открил британскиот ахеолог Артут Еванс, кој во 1900 година открил престолнина на Минојската цивилизација – Кносос.
Многу нешта не се познати за оваа древна цивилизација. Нејзиното потекло, како и потеклото на Микенците, кои современите Грци ги сметаат за свои директни претци, ги збунуваат археолозите повеќе од еден век.
Минатата година е откриено дека тие две цивиизации потекнуваат од земјоделци кои во неолитот, повеќе илјади години пред бронзеното време, мигрирале од анадолскиот полуостров на запад во грција и на Крит, пишува Дејли Мејл.
Ова откритие може да стави точка на расправата за потеклото на тие две култури, за кои многумина веруваат дека имаат одвоени корени.
Имено, меѓународен тим научници спроведе истражувања на ДНК геномот на жител на гркото копно, Крит и југозападна Анадолија од периодот на брознената ера.

Стручњаци од Универзитетот Вашингтон, Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард и германскиот Институт Макс Планк, со помош на грчки и турски археолози, на терен собираа материјал за анализа.
Резултатите покажаа дека минојците и мекените генетски се многу слични, но не и сосема идентични.
Додека и едните и другите претставуваат „први земјоделски заедници“ имаат “источно генетско потекло“, Микените поседувале уште една помала генетска компонента која нивното потекло го поврзува со древните жители на источна Европа и северна Евроазија.