Пештерата која првично служеше како засолниште во случај на нуклеарен напад, а подоцна е преуредена во ноќен клуб и приватна резиденција и хотел, сега е ставена на продажба.

„Beckham Creek Cave Lodge“ е уште позната и како најлуксузната пештера на светот. Оваа пештера доживеа неколку трансформации.
Имено, како што веќе споменавме, таа најпрво служеше како засолниште во случај на нуклеарен напад, па потоа како ноќен клуб, па приватна резиденција, а потоа следниот сопственик се одлучи да ја преуреди во помал хотел и да ја изнајмува за туристи.
Се наоѓа во американската држава Арканзас, и сега е повторно на продажба по цена од 2,5 милиони евра.
Престижниот магазин „Forbes“, неодамна оваа пештера ја прогласи за еден од најубавите подземни хотели на светот. Таа се најде и на листите на најуникатни и најубави хотели на светот.
Ноќевањето во неа изнесуваше 1.500 евра, а одеднаш можеа да бидат сместени до осум гости.
Во што ќе биде претворена пештерата после продажбата, се уште не е познато.