100 илјади денари и стипендија за Марко Пејчиновски

од desk2
222 прегледи

На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“.

– За подвигот кој што Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјдаи денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднини доколку се работи правилно на неговиот раст и развој, изјави Каевски за МИА.

Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиновски за во иднина да прерасне во успешен спортист.

Претходно и Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и неговата сопруга г-а Маја Иванова, денеска во Вила Билјана во Охрид, го примија Марко Пејчиноски кој го преплива Охридското езеро.

На средбата со младиот Марко, претседателот Иванов рече дека овој негов херојски подвиг заслужува големо внимание и почит и претставува позитивен пример и мотив за сите млади и талентирани.

12-годишниот Марко во вторникот за 8 ипол часа го преплива Охридското езеро, од Св. Наум до градското пристаниште.

Овој негов подвиг е уште поголем бидејќи пливаше во разбранети и немирни води.

Малиот херој со лавовско срце и одржа лекција на целата нација и ги освои срцата на сите!