Главниот и одговорен уредник на полскиот таблоид „Факт“ Роберт Фелуш поднесе оставка по жестоките критики од колеги новинари од останатите медиуми поради еден наслов.

Тој поднесе оставка поради текстот под наслов „Таткото одбра политика, синот јаже“, за самоубиството на синот единец на поранешниот министер Лешек Милер.
Лешек милер помладиот (48) умре на 27 август, а по сознанијата на полицијата извршил самоубиство.
Таблоидот „Факт“ на 1 септември, на денот на погребот, објави насловна страница со фотографија од синот и таткото со наслов „Таткото одбра политика, синот јаже“, поради што поранешниот премиер Милер одлучи да го тужи таблоидот.
По реакциите од Здружението на новинари на Полска, Фалуш поднесе оставка на местоот главен и одговорен уредник на таблоидот и му се извини на поранешниот премиер.
„Искажавме недостаток на почит, ги преминавме границите на добриот вкус и принципи на кои се обврзуваат новинарите“, се извини во име на „Факт“ на поранешниот премиер Лешек Милер и на читателите, Роберт Фалуш.