Жената која роди на 72 години одговори што ќе биде со детето кога нив ќе ги нема

од desk2
95 прегледи

Индијката Дaлиндер Каур која стана позната во 2016 година кога на возраст од 72 години го роди своето прво дете, тогаш рече дека со сопругот сметаат дека конечно животот им има смисла.

Наскоро се дозна дека за вештачкото оплодување се одлучиле поради тоа што не можеле да го добијат наследството како двојка без деца.

Дaлиндер на новинарите им призна дека и е многу тешко да биде мајка во 72 година, а нешто подоцна одговори и на прашањето кое секој сака да и го постави: “Што ќе биде со детето кога тие ќе умрат?“. Бидејќи мали се шансите да доживеат до возрасните години на своето дете, многумина ги интересира што ќе биде со детето кога нив ќе ги нема. „Многумина се грижат што ќе биде со бебето кога ние ќе умреме, но верувам во Бога. Тој е семоќен и за се ќе се погрижи“, вели таа.